Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека Турција има докази дека Москва е вмешана во нелегална трговија на нафта со ИД.
– Имаме докази во нашите раце. Ние ќе ги откриеме пред светот, рече турскиот лидер во телевизиско обраќање.
Обвиненијата доаѓаат само еден ден откако руското Министерство за одбрана, го обвини турскиот претседател Реџеп Ердоган и неговото семејство за нелегална трговија на нафта со ИД.
– Кој купува нафта од ИД? Еве да ви кажам, Џорџ Хасвани, кој има руски пасош и сириско државјанство, и е еден од најголемите трговци во овој бизнис – рече Ердоган.
Во ноември американската каса му наметна санкции на бизнисменот Хасвани, кој исто така е и во листата за санкции на ЕУ, поради обвинувања дека служел како посредник во трговијата на нафта меѓу сириската влада и Исламска држава.
Ердоган, исто така, рече дека познат руски шахист бил замешан во нафтениот бизнис со ИД, но не го кажа неговото име. Интересен факт е дека во новите санкции на САД влегува и Кирсан Илјумжинов, богат руски бизнисмен и долгогодишен претседател на Светската шаховска федерација.
– Главниот потрошувач на оваа нафта украдена од законски сопственици во Сирија и Ирак, е Турција. Според достапните информации, највисокото ниво на политичко раководство во земјата, претседателот Реџеп Ердоган и неговото семејство, се вмешани во овој криминален бизнис – изјави за новинарите рускиот заменик-министер за одбрана, Анатолиј Антонов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.