| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Само Аллах ја знае мотивацијата на Турција

1034128273

Им благодарам на нашите војници, кои учествуваат во операцијата во Сирија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Со овие зборови шефот на државата го започна традиционалниот говор пред двата дома на парламентот во Москва, откако тој, пратениците и гостите оддадоа минута молк на загинатите војници при симнувањето на рускиот авион.
PR20141204143015

– Заканата од тероризам расте, додаде тој. Нашите специјални служби успеале да ги избркаат речиси сите радикални елементи од руска територија, категоричен беше господарот на Кремљ. „Ако некој мисли дека ќе изврши сериозно кривично дело и ќе се извлече само со забрана на увоз на домати или истерување на градежни работници, длабоко се лаже, изјави Путин по повод соборувањето на рускиот авион Су-24, на 24 ноември од турската армија.
detail_06453fe60b5fe8be0e6a0df17f21ea5d

Путин, исто така, повика на воспоставување меѓународна коалиција за борба против тероризмот, под покровителство на ОН.
– Нашата армија и воена флота ја докажаа својата борбена способност. Нашето оружјето делува ефикасно. Нашите активности во моментов се предмет на анализа и заклучоците ќе бидат искористени за подобрување на нашите воени активности. Им благодариме на нашите инженери, работници, на сите кои се трудат за зајакнување на руската национална безбедност и благодарение на овие луѓе Русија ја демонстрира својата одговорност и го завзема челното место во борбата против тероризмот, додаде Путин.
– Секое едно прашање, секој проблем би можеле да бидат решени без да се користи оружје. Ние бевме подготвени да соработуваме со Анкара за сите проблеми и да се разбереме и со сојузниците на Турција. Сепак, сега само Семоќниот Аллах знае зошто Турците постапија така, додаде Путин. Ние сепак нема да се размавтуваме со оружје, рече тој. Ние многу добро знаеме кој во Турција купува нафта од Исламската држава (ИД) и кој ги вооружува терористите, посочи рускиот претседател.
89

Путин застана и кај економијата. Тој повика, земјоделските земјишта кои не се користат за намената, да бидат конфискувани. „Ние треба да почнеме да произведуваме еколошки храни и да почнеме извоз на такви храни, рече рускиот претседател и предложи да се олеснат процедурите за регистрација и активностите на компаниите.
По повод претстојните избори за Државниот збор (долниот дом на парламентот), Путин ги повика партиите активно да учествуваат во гласањето, кое претстои во 2016 година, и да ги почитуваат правилата на фер игра.
– Патот на секој еден развој е тежок и полн со пречки. Ние сепак ќе одговориме на сите предизвици и ако бидеме обединети, задолжително ќе постигнеме успех, ја заврши изјавата Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top