| четврток, 6 декември 2018 |

Се уриваат дивоградби во Ѓорче

Според законот за градењe градежната инспекција од општината Ѓорче Петров, деновиве почна со реализирање на решенијата за уривање на бесправно изградени огради, стреи и други помошни објекти од страна на граѓани што немаат и ниту побарале одобрение за нивна градба, пишува порталот „Скопјеинфо“.

Пред акцијата сите сопственици на дивоградби добија предупредување сами да ги одстранат објектите со што не би плаќале дополнителни трошоци. Во наредниот период инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат редовна контрола и на објектите во градба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top