| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Блажевски урна државен рекорд стар 14 години!

Македонскиот пливач и олимпиец Марко Блажевски денеска настапи на првата трка од превидените четири на Европското првенство во кратки базени што се одржува во Нетања, Израел.
Тој настапи во дисциплината 100 метри пеперутка и веднаш уште на стартот покажа дека е во добра форма соборувајќи 14 години стар национален рекорд. Тој патеката настапи во првата квалификациска трка и оствари време од 54.77 секунди што е за седум стотинки подобро време од стариот рекорд во сопственост на Александар Миладиновски кој го постави на европскиот шампионат во Антверпен во 2001 година. Ова не е негова дисциплина бидејќи тој настапува во трките во мешани стилови, но радува податокот дека и во пеперутка може да оствари одлично време.
Тој претходно ги собори државните рекорди и во дисциплините 100 грбно и градно, што значи дека ја подобрува техниката во сите дисциплини што се составен дел од неговата специјалност – стилот мешано.
Блажевски е единствениот македонски претставник на ова ЕП. Поради болест настапот го откажа втората македонска олимпијка со обезбедена Б-норма, Анастасија Богдановски, која исто како и Марко, живее и тренира во САД.
Блажевски утре ќе настапи на 400 метри мешано, в петок – на 200 метри мешано, а в сабота – на 100 метри мешано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top