| четврток, 6 декември 2018 |

Бомба од Втората светска војна го прекина движењето меѓу Рим и Фиренца

bomba-ot-vtorata-svetovna-voijna-sprq-dvijenieto-mejdu-rim-i-florenciq-342167

Автомобилските и железничките врски меѓу Рим и Фиренца денеска беа затворени поради откриена бомба од Втората светска војна.
Движењето по автопатот А1 и железнички услуги во градот Орвието, беа прекинати од 10.45 часот по локално време, за да можат воени експерти да ја деактивираат експлозивната направа.
Се очекува редовните транспортни врски да бидат обновени кон 13.30 по локално време, прецизираат од патната и од железничката компанија во одделни соопштенија.
Бомбата, која тежи 450 килограми, беше откриена во градот Џовани, во близина на Орвието.

Властите евакуираа стотици луѓе кои живеат во радиус од 1,9 километри од местото, а над регионот е воведена зона на забранети летови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top