| четврток, 6 декември 2018 |

Сред бел ден – нападната жена на улица во Куманово

Вчера околу 15.00 часот  пред ОУ„Наим Фрашери“ на ул.„Страшко Симонов“ во Куманово, непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво во обид над Б.И.(37).

Додека оштетената одела накај дома, сторителот ѝ се приближил одзади грб, ја фатил за чатата, и откако не успеал да ја земе ѝ се заканил со пиштолот, со тупаница ја удрил во пределот на лицето и ѝ ја одзел чантата. Оштетената почнала да вика, сторителот ја оставил чантата и избегал во непознат правец.

Б.И. е упатена во медицинскиот центар во Куманово, каде што ѝ е укажана лекарска помош и констатирани ѝ се телесни повреди.

Од страна на полициски службеници осомничениот е фатен и лишен од слобода, а се работи за П.Н. од Куманово и по целосно расчистување и документирање на настанот, против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top