Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација утре ќе даде одговор на прашањето: Со Марин Докузовски, или без него, во следниот квалификациски циклус за ЕП 2017.
Тој одговор ќе го дадат на седницата на Управниот Одбор, која раководството на МКФ ја закажа за 17. часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Во овој момент, не е тајна дека има застој во овие своевидни и досега незабележани „преговарачки рунди“, кога станува збор за избор на нов селектор. Од проста причина што до состанокот на УО, ќе поминат точно цели две недели во кои целата оваа ситуација се претвори во едно големо шпекулирање на медиумите кои од колегите, пред се од соседството, дознаваа дека во игра бил Душко Вујошевиќ, или пак дека како првична варијанта се споменува името на Октај Махмути.
Она што е сигурно е дека за десетина дена, треба, ќе ги дознаеме противниците за следниот квалификациски цисклус, за она што е предвидено во 2017 година, Евробаскетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.