| четврток, 6 декември 2018 |

Грците и бегалската криза ја поврзаа со прашањето за името

­ Барањето на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов за присуство на мисиjaта на Фронтекс на границата со Грција е потег кој де факто ќе доведе до вклученост и посредување на меѓународната организација во управувањето на односите меѓу Грција и Македонија, со сериозни последици на прашањето за името.

grc

 

Ова денеска го пишува угледниот грчки информативен портал „Тајмс оф чејнџ“ (ТОЦ), во текст во кој нагласува дека „Скопје бара начин да ги упoтреби бегалците како средство за да изврши притисок за решавање на прашањето за името“.

Порталот, кој има и своја онлајн телевизија и радио, во текстот информира за активностите на претседателот Иванов на магрините на Самитот за климатски промени што се одржа во Париз, каде што, меѓу другото, се сретна и со германската канцеларка Ангела Mеркел и со американскиот претседател Барак Обама.

Според ТОЦ, Иванов и објаснил на Меркел дека многу од проблемите кои произлегуваат од справувањето со бегалската криза, „се резултат на недостатокот од директна комуникациja со Грција поради разликата околу името“.

– Целта на скопската страна очигледно е да се искористат бегалците, кои на балкансата рута поминуваат низ базната станица во Скопје, како средство за притисок врз Европа, а особено врз Германија, на Грција да и го префрлат товарот за ‘компромис’ за прашањето за името“, пишува порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top