Френетични аплаузи и овации на отворена сцена се впечатоците на оние кои присуствуваа на концертот, кој го организираше македонската продуцентска куќа „Излет мјузик“ во Ница, Франција, а на кој нашиот музички гениј Емин Џијан, настапи заедно со детроитскиот диџеј Дерик Меј, во концертната сала, Акрополис.
Настапија во рамките на фестивалот за современа музика „Ова не е класика” заедно со Симфонискиот Оркестар на Кан. Како и на досегашните концерти, и на овој беше изведена електронска музика, која ја потпишува Меј, а за која аранжмани направи Џијан.
На концертот, покрај Маријана Николовска на челеста, како солист на пијано настапи и Ема Потевска. Во техничкиот дел: Бојан Угриновски како тон мајстор и Игор Иванов Изи светло мајстор и визуелни ефекти.
Следна дестинација е Мелбурн, Австралија, каде во јануари покрај Дерик Меј ќе настапи и инспиратиниот Џеф Милс. Организаторите најавуваат дека овој концерт ќе биде историски момент, не само за Македонија, туку и за светската музичка сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.