Градските власти во Кливленд имаат намера да му направат споменик на Супермен во чест на двајца студенти од овој американски град од чија фантазија се роди популарниот суперхерој.
Како што наведуваат американските медиуми, челичнта скултура висока четири метри ќе биде украсена со кристали и е дело на американскиот скулптор Дејвид Демингон.
Споменикот на Супермен ќе биде поставен на брегот на езерото Ерие.
Кливленд се смета за родно место на Супермен бидејќи славниот стрип-јунак го измислија двајца сограѓани Џери Сигал и Џо Шустер кои се запознале уште во локалната гиманција 1933 година.
Споменикот, кој градот ќе го чини околу три милиони долари ќе биде поставен 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.