НАТО ја покани Црна Гора да стане 29-та членка на Алијансата.
– Таа историска одлука за почнување преговори за членство со Црна Гора беше едногласно донесена од 28-те министри за надворешни работи на НАТО на средба во Брисел. Политиката на НАТО за отворени врати има за цел ширење на стабилност, безбедност и демократски вредности врз кои се темели Алијансата. Сите стануваме посилни и постабилни со тоа што ја држиме својатаврата отворена, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО отворајќи го состанокот на шефови на дипломатии на држави членки.
Црна Гора по преговорите ќе стане 29-та членка на НАТО.
– И честитаме на Владата и граѓаните на тоа достигнување. Ова е исклучително убав ден за Црна Гора, Западен Балкан и за Алијансата. Црна Гора се покажа на патот да воспостави владеење на правото. Од 2009 година соработуваме со Црна Гора во Акцискиот план за членство, изјави Столтенберг.
– Денес гледаме конкретни резултати на посеветеноста на Црна Гора. Сепак, ова не е крај на тој пат. Претстои важен дел што се однесува на прилагодување на системот за одбрана, реформи на владеењето на павото и јакнење на поддршката на јавното мислење. Тоа се прашања на кои ќе продолжиме да работиме се додека овораме преговори за членство и за време на ратификацијата, изјави Столтенберг
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.