| четврток, 6 декември 2018 |

Името на Ескобар и по 20 години сее страв

Пабло Ескобар, „кралот на кокаинот“ и водач на наркокартелот Меделин, и 20 години по неговата смрт продолжува да е страв и трепет во своето родно место во Колкумбија. Нилските коњи, дел од неговата лична зоолошка градина, сега се опасност за жителите во селото.

pablo-eskobar- star

Хациендата Наполес, неговиот ранч од 2.800 хектари некогаш  во 80-тите години на минатиот век беше дом за многу егзотични животни, вклучувајќи и четири нилски коњи, три женки и еден мажјак.
По неговата смрт, властите ги запленија имотот и животните кои беа разместени во зоолошките градини шурум земјата. Но останале четирите нилски коњи, од кои денеска во местото сеат страв повеќе од 60 животни.
Бидејќи и официјално тие претставуваат опасност по безбедноста на жителите, локалните власти имаат намера да ги заловат и стерилизираат. Овие животни не се двоумат да нападнат луѓе, а според информации од зоолози, годишно убиваат дури 500 лица. Додека се чека долгорочно решение, децата во Пуерто Триунфо се предупредуваат да стојат на страна од огромните цицачи кои го запоседнале местото во потрага по храна

pablo-eskobarmlad

Според некои податоци Пабло Ескобар во моментот на најголема моќ, бил 17-ти најбогат човек на светот, а картелот Меделин прошверцувал 80 проценти од кокаинот внесен во САД. Картелот е одговорен за убиствата на над 5.000 лица.

Ескобар е убиен во престрелка со колумбиската полиција и воените сили на покривот на зградата во 1993 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top