| четврток, 6 декември 2018 |

ФОТО: Груевски на театарската премиера „Мајсторот и Маргарита“

gruevski vo teatar na premiera1Премиерот Никола Груевски заедно со сопругата Боркица вечерва присуствуваат на тетарската премиера „Мајсторот и Маргарита“.

 

gruevski vo teatar na premiera2Ремек-делото на Михаил Булгаков вечерва премиерно се прикажува на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ). Премиерот Груевски не пропушти да биде дел од премиерата на претставата која е во режијата е на популарниот режисер Иван Поповски и која трае повеќе од 4 часа.

 

gruevski vo teatar na premiera3Во претставата играат шеесетина актери. Дејан Лилиќ го игра Мајсторот, а Драгана Kостадиновска ја толкува Маргарита, Никола Ристановски е Воланд, Понтиј Пилат е Јордан Симонов, Kаровјев го игра Оливер Митковски, Азазело – Ѓорѓи Јолевски, Емил Рубен, го игра доктор Стравински, а Сашко Коцев, пак, ја има улогата на Иван Николаевич – Бездомни.

 

Вчера беше претпремиерата на претставата, а публиката ја награди екипата со неколкуминутен аплауз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top