Силна експлозија одекна денеска во близина на метро станица во Истанбул, Турција, јави Анадолија.
На местото на експлозијата се наоѓаат полициски сили, противпожарни служби и итна помош. Целото место е изолирано со полициски кордон и работата на метрото низ целиот град е стопирана.
Гувернерот на Истанбул Васип Сахин изјави дека едно лице е полесно повредено.
-Се уште не е познато како дојде до експлозијата, ги испитуваме сите опции-посочи тој, пренесе Анадолија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.