| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Дурловски: Патот до Метрополитен воопшто не е лесен

На­стап во та­ква опер­ска ку­ќа е жи­во­тен сон на се­кој опер­ски пе­јач. И чув­ство­то е ток­му та­кво – ка­ко да го жи­ве­е­те сопс­тве­ни­от сон, ве­ли Дур­лов­ски

Она што Ана Дур­лов­ски уште од са­ми­от по­че­ток на ка­ри­е­ра­та ја на­пра­ви раз­лич­на од дру­ги­те пе­ја­чи, не бе­ше са­мо дол­га­та ви­со­ка, бле­ска­ва ко­ло­ра­ту­ра и пер­фект­но­то ле­га­то, ту­ку и неј­зи­ни­от мо­ќен глас. Де­би­ти­ра­ше на сце­на­та на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет ка­ко Лу­чи­ја ди Ла­мер­мур во 2000 го­ди­на. Сре­бре­ни­ка­ви­от глас на Дур­лов­ски бе­ше за­бе­ле­жан уште на неј­зи­но­то де­би и от­то­гаш, фо­ку­си­ра­ни­от транс­па­рент­но све­тол тон на овој со­пран, ста­ну­ва од­бе­леж­је на ре­пер­то­а­рот бел­кан­то во про­дук­ци­и­те на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра. На оваа сце­на, таа ги тол­ку­ва­ше и уло­ги­те на До­на Ана во „Дон Џо­ва­ни“, Кра­ли­ца­та на но­ќта во „Вол­шеб­на­та флеј­та“, Аде­ла во „Лил­ја­кот“, Џил­да во „Ри­го­ле­то“, Ро­зи­на во „Се­вил­ски бер­бер“ и др.

Ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни, ха­риз­ма­тич­ни­от со­пран Ана Дур­лов­ски го осво­ју­ва све­тот. Фи­зич­ка­та уба­ви­на, дра­ма­тич­ни­от оган и лир­ски­от ин­тен­зи­тет што ги по­се­ду­ва Дур­лов­ски ја но­сат и нa сце­ни­те во опер­ски­те ку­ќи во Ви­е­на, Бер­лин, Мајнц, Мин­хен, За­греб, Оси­ек, Сплит, Са­ра­е­во, Со­фи­ја, Бу­ку­решт, Бел­град, во Ти­ра­на и дру­ги.

По­во­дот да раз­го­ва­ра­ме со неа е про­е­ктот „Пес­ни од ср­ца­та“, кој Ана и Игор Дур­лов­ски го ре­а­ли­зи­ра­ат со Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја. „Си за­љу­бив ед­но мо­ме“, „Са­ноќ се­дам, Тре­но“, „Раз­бо­ле­ла се Лен­ка Пин­го­ва“, „Што да пра­вам, што да чи­нам“, „Не­ли ти ре­ков, мо­ме Дон­ке“, „На­зад, Ка­ли­но мо­ме“… се дел од ком­по­зи­ци­и­те кои ќе би­дат ис­пол­не­ти на кон­цер­тот. Со­се­ма но­ви аранж­ма­ни на пес­ни­те за оваа при­го­да соз­да­де ма­ке­дон­ски­от истак­нат ком­по­зи­тор, Со­ни Пе­тров­ски, об­ли­ку­вај­ќи ги со сил­на кре­а­тив­на и тво­реч­ка ин­ди­ви­ду­ал­ност, а ме­ѓу нив ќе проз­ву­чат и не­го­во­то де­ло „Пи­јан та­нец – Пај­ду­шко“, за прв­пат во Скоп­је, ка­ко и „Во Стру­га ду­ќан да имам“ од ма­ке­дон­ски­от ком­по­зи­тор Пан­де Ша­хов, на кое ка­ко со­лист ќе на­ста­пи еден од нај­до­бри­те ма­ке­дон­ски пи­ја­ни­сти од пом­ла­да­та ге­не­ра­ци­ја, Ди­но Име­ри.

Ре­жи­сер на про­е­ктот е Де­јан Прој­ков­ски, а ко­сти­ми­те се на Та­ња Ко­кев.

 

Ana-Durlovski-kul165-2

Ќе на­ста­пи­те на кон­церт со Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја. Што ќе мо­же да слуш­не ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка? Ка­ко те­чат под­го­то­вки­те, про­би­те?

Дурловски: Со овој кон­церт са­ка­ме на пуб­ли­ка­та да им овоз­мо­жи­ме ед­но не­се­којд­нев­но му­зич­ко до­жи­ву­ва­ње. Иа­ко ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден ме­лос го тре­ти­ра­ле мно­гу­ми­на на­ши умет­ни­ци, се оби­дов­ме да на­пра­ви­ме не­што со­се­ма но­во и раз­лич­но од се­то она што до­се­га е на­пра­ве­но. На кон­цер­тот, нас­ло­вен „Пес­ни од ср­ца­та“, пуб­ли­ка­та ќе има мож­ност да слуш­не ед­ни од нај­у­ба­ви­те љу­бов­ни пес­ни од ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка тра­ди­ци­ја. Спо­јот на ита­ли­јан­ско­то бел­кан­то со ма­ке­дон­ски­те лир­ски ме­ло­дии е ток­му она што го во­де­ше ком­по­зи­то­рот Со­ни Пе­тров­ски (авто­рот на си­те обра­бо­тки) да им да­де кре­а­ти­вен и ин­ди­ви­ду­а­лен пе­чат на пес­ни­те. Под­го­то­вки­те те­чат од­лич­но бла­го­да­реј­ќи на Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја и на ма­е­стро Бор­јан Ца­нев.

 

Вие сте ед­на од ре­тки­те ма­ке­дон­ски умет­ни­ци кои на­ста­пи­ле во Ме­тро­по­ли­тен. Не е лес­но да се до­бие ва­ква по­ка­на. Ка­ко се чув­ству­ва­вте ко­га до­би­вте мож­ност да на­ста­пи­те на таа сце­на?

Дурловски: Па­тот до ед­на опер­ска ку­ќа ка­ко Ме­тро­по­ли­тен во­оп­што не е ле­сен. На тој ан­гаж­ман му прет­хо­де­ле сто­ти­ци дру­ги на­ста­пи и ан­гаж­ма­ни ши­рум Евро­па и све­тот. На­стап во та­ква опер­ска ку­ќа е жи­во­тен сон на се­кој опер­ски пе­јач. И чув­ство­то е ток­му та­кво – ка­ко да го жи­ве­е­те сопс­тве­ни­от сон.

 

Ан­га­жи­ра­ни сте во Шту­тгарт и по­го­ле­ми­от дел од го­ди­на­та го ми­ну­ва­те та­му. Има­те ли не­ка­кви нај­а­ви за оваа се­зо­на ка­де ќе го­сту­ва­те? На ко­ја од свет­ски­те сце­ни ќе оди­гра­те не­ко­ја уло­га?

Дурловски: Иа­ко не­о­дам­на со се­мејс­тво­то по­втор­но се вра­тив­ме да жи­ве­е­ме во Ма­ке­до­ни­ја, на­ши­те ан­гаж­ма­ни про­дол­жу­ва­ат над­вор. До кра­јот на го­ди­на­та ме оче­ку­ва­ат две но­ви про­дук­ции и око­лу 20-ина на­ста­пи во Шту­тгарт, по­тоа на­ста­пи во Мин­хен, во Ма­дрид ка­ко и на пре­стиж­ни­от фе­сти­вал во Ба­јрот.

 

Што зна­чи за Вас ка­ко умет­ник да на­ста­пу­ва­те на свет­ски­те сце­ни? За тоа со­ну­ва­ат број­ни умет­ни­ци, те­жок ли е па­тот до­та­му? Ка­ква е Ва­ша­та при­каз­на, ка­ко Вие ус­пе­а­вте да се про­би­е­те на таа свет­ска ма­па на опер­ски пе­ја­чи?

Дурловски: При­каз­на­та за­поч­ну­ва пред 15 го­ди­ни ко­га со со­пру­гот Игор Дур­лов­ски се пре­се­лив­ме во Ви­е­на со жел­ба да нав­ле­зе­ме во тај­ни­те на опер­ска­та умет­ност. Ка­ко и за се­кој млад пар, по­че­то­ци­те во нов град ка­ко стран­ски др­жав­ја­ни беа иск­лу­чи­тел­но те­шки. Но, оста­нав­ме дос­лед­ни и истрај­ни во на­ша­та цел – да на­у­чи­ме што по­ве­ќе за опер­ска­та умет­ност. Си­те па­ри што ги за­ра­бо­ту­вав­ме од на­ши­те ан­гаж­ма­ни ги ин­ве­сти­рав­ме во ча­со­ви по пе­е­ње. Со те­кот на вре­ме­то ан­гаж­ма­ни­те и про­е­кти­те ста­ну­ваа сѐ поз­на­чај­ни, па­за­рот сѐ по­го­лем и по­ну­ди­те сѐ по­број­ни. Од­лу­ки­те се­ко­гаш сме ги но­се­ле за­ед­но со со­пру­гот имај­ќи ги пред­вид на­ши­те про­фе­си­о­нал­ни ам­би­ции, но и жел­ба­та за соз­да­ва­ње се­мејс­тво. Де­нес тие се во со­вр­шен спој, ба­лан­си­ра­ни на тој на­чин ед­но­то да се на­до­пол­ну­ва со дру­го­то и обрат­но, соз­да­вај­ќи чув­ство на ис­пол­нет ду­хо­вен и на ин­те­ле­кту­а­лен жи­вот.

 

Не­о­дам­на бе­вте прог­ла­се­ни за на­ци­о­на­лен умет­ник. Тоа е го­ле­ма чест и об­вр­ска… Ка­ко го до­жи­ве­а­вте ова приз­на­ние?

Дурловски: На­ви­сти­на е го­ле­ма че­ста да се до­бие ва­кво зна­чај­но приз­на­ние од сопс­тве­на­та др­жа­ва. Осо­бе­но ми е дра­го што тоа се слу­чи ток­му ко­га ре­шив­ме по­втор­но да се вра­ти­ме во Ма­ке­до­ни­ја. Се­то тоа соз­да­ва ед­но сил­но чув­ство на др­жав­на при­пад­ност и чув­ство де­ка на­ви­сти­на се це­нат ус­пе­си­те на умет­ни­ци­те. Се раз­би­ра, об­вр­ска­та е по­дед­на­кво го­ле­ма би­деј­ќи мо­јот пат не за­ста­ну­ва ту­ка, тој про­дол­жу­ва со но­ви под­ви­зи и пре­диз­ви­ци.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Ѓорѓи Личовски
(Текст објавен во 165. број на неделникот „Република“, 30.10.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top