| четврток, 6 декември 2018 |

Министерската пуч-пародија на СДСМ

Aко де­нот се поз­на­ва по утро­то, то­гаш ни прет­стои долг, на­по­рен ден. По­го­ле­ми­от проб­лем е што ќе трае шест ме­се­ци, но уте­ха­та е што, се­пак, ќе за­вр­ши на точ­но опре­де­лен да­тум. Сѐ уште не сед­на­ти во фо­тел­ји­те, ми­ни­стри­те на СДСМ мон­ти­пај­то­нов­ски и тра­ги­ко­мич­но ги раз­о­ткри­ја на­ме­ри­те на пар­ти­ја­та и нај­а­ви­ја страш­на чис­тка и ме­га­ло­ман­ска пар­ти­за­ци­ја ако по­бе­дат не­ко­гаш во ид­ни­на. А За­ев? Тој се под­го­тву­ва да ста­не ми­ни­стер, но не во април, ту­ку уште во март. По­точ­но на 12 март...

Не­кој ќе пра­ша – што дру­го и да оче­ку­ва­те ко­га во МВР до­би­ва­те чо­век што за ра­бо­та­та на по­ли­ци­ја­та учел од „По­ли­ца­е­цот од Пет­ло­ви­от Рид“, а во по­пу­лар­но­то Ми­ни­стерс­тво за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка сед­ну­ва ам­би­ци­оз­на асо­ци­јал­на ми­ни­стер­ка, ко­ја ги про­ше­та­ла си­те пар­тии за, ко­неч­но, да си ги нај­де ле­бот и ми­рот во СДСМ? Од­го­во­рот би бил де­ка и по­крај тоа, де­фи­ни­тив­но, не би го оче­ку­ва­ле тоа што сле­ду­ва­ше на са­мо вто­ри­от ден кај ед­ни­от и на тре­ти­от ден кај дру­ги­от. Ги над­ми­наа ду­ри и пар­ти­ски­те оче­ку­ва­ња. Очиг­лед­но, спа­си­те­лот од Мур­ти­но ги соз­дал спо­ред сво­јот бом­ба­шки лик, ќе ре­чат ше­го­биј­ци­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи, а ми­си­ја­та им би­ла да на­пра­ват пуч во сопс­тве­ни­те ми­ни­стерс­тва. За спас на пар­ти­ја­та и по ур­нек на соз­да­те­лот, кој се оби­де да ѝ го на­пра­ви тоа на сопс­тве­на­та др­жа­ва, па фа­тен на де­ло поч­на да пу­ка „бом­би“…

За си­те тие, пак, кои им да­доа шан­са, при­ка­ска­та се по­ка­жа ка­ко кра­тко­ме­траж­на. Сле­ду­ва­ше екс­пре­сен и мно­гу сту­ден туш на отрез­ну­ва­ње. За­же­ле­ни и из­го­ре­ни за вла­де­е­ње, тех­нич­ки­те ми­ни­стри ја по­ка­жаа на ви­де­ли­на сво­ја­та тех­нич­ка и пар­ти­ска гре­шка и уште вто­ри­от ден на­пра­ви­ја пре­се­дан, кој ги уве­ри и не­вер­ни­те То­ми де­ка цел­та не е не­ка­ква си из­ну­де­на кон­трол­на функ­ци­ја за из­бо­ри. Мно­гу­ми­на не мо­жеа ни да по­ве­ру­ва­ат де­ка СДСМ тол­ку бр­зо се отво­ри во раз­о­ткри­ва­ње­то на зад­ни­те на­ме­ри и по­га­зу­ва­ње­то на до­го­во­рот на­пра­вен за мир во ку­ќа. Не­бу­ло­за­та со од­зе­ма­ње­то на, бу­квал­но, си­те ин­ге­рен­ции на МВР и па­ра­ли­зи­ра­ње­то на ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја го по­ка­жа се­то не­поз­на­ва­ње, но и ви­стин­ско­то ли­це на ма­ри­о­не­ти­те на СДСМ. За бе­ља­та да би­де по­го­ле­ма, а сра­мот не­мер­лив, иста­та од­лу­ка ис­чез­на со бр­зи­на на свет­ли­на­та. Со две ре­ше­ни­ја и во сти­лот на „пу-пу, не ва­жи“ во рок од са­мо не­кол­ку ча­са пр­ви­от по­ли­ца­ец и тех­нич­ки и прав­но си го по­ни­шти по­ба­ра­но­то. Иа­ко дел од пар­ти­ски ди­ри­ги­ра­ни­те не­бу­ло­зи оста­наа во си­ла, Спа­сов­ски, се­пак, се све­сти, се пиш­ма­ни и го ос­ло­бо­ди за­уз­да­но­то МВР на кое му ги вр­за ра­це­те со те­ле­грам­ски­от акт. Неј­се што та­ка фла­грант­но го пре­кр­ши фа­моз­ни­от До­го­вор од Пр­жи­но. А се­то тоа се од­ви­ва­ше ден­та ко­га Па­риз ста­на цел на те­ро­ри­зам…

 

Таж­на­та пес­на на опо­зи­ци­ски­от ле­бед

Пра­ша­ње­то што оста­на да ви­си во воз­ду­хот е ко­ја бе­ше цел­та на оваа ка­та­стро­фал­на од­лу­ка на СДСМ? Пр­ва­та по­мис­ла бе­ше де­ка чи­нот со од­зе­ма­ње­то на си­те ин­ге­рен­ции на си­те ра­ко­вод­ни ли­ца ли­чи на ве­те­но­то од се­гаш­ни­от ли­дер, кој во мо­мен­тот на ве­ту­ва­ње­то не бе­ше ни­ту ли­дер ни­ту бом­баш. Поз­на­та сен­тен­ци­ја за бр­ка­ње на си­те од ра­бо­та и за вра­бо­ту­ва­ње на си­те свои бра­ту­че­ди. Пиш­ма­не­ње­то, пак, бе­ше ја­сен знак на приз­на­ние за сто­ре­на­та, не­про­мис­ле­на и ди­ле­тант­ска гре­шка. Вто­ра­та, мно­гу по­ве­ро­јат­на по­мис­ла за не­у­тра­ли­зи­ра­ни­от на­си­лен пуч во МВР бе­ше де­ка ова е кла­сич­на по­каз­на веж­ба и при­мер на СДСМ ка­ко ќе изг­ле­да ид­ни­на­та на се­ко­ја ин­сти­ту­ци­ја до­кол­ку не­ко­гаш по­бе­дат. Це­лос­на пар­ти­за­ци­ја и пре­рас­пре­дел­ба на ра­бот­ни­те ме­ста, син­хро­ни­зи­ра­на со кон­крет­но рас­чи­сту­ва­ње со ка­да­рот, кој е не­по­до­бен за нив. Ако ова се слу­чи во пр­ви­те 24 ча­са на не­ка­ков си тех­нич­ки ми­ни­стер, што би би­ло во рам­ки на ви­стин­ски ми­ни­стер и вла­да на СДСМ? Ко­га не ус­пе­а­ја да ги со­прат сво­и­те од­мазд­нич­ки по­ри­ви во си­ту­а­ци­ја ко­га и сту­ден­ти­те на пр­ва го­ди­на од Пра­вен фа­кул­тет зна­е­ја де­ка не сме­ат да го на­пра­ват тоа, што би би­ло ко­га би има­ле ви­стин­ски од­вр­за­ни ра­це? Не­скри­е­на, гр­да по­ра­ка на опо­зи­ци­ја­та до це­ла­та ад­ми­ни­стра­ци­ја или, се­пак, са­мо пес­на на ле­бе­дот од пар­ти­ја­та што знае де­ка ова е пос­лед­на­та шан­са за ми­ни­стер­ско ме­сто во го­ди­ни­те што сле­ду­ва­ат? Не­ло­гич­ни­те че­ко­ри се­ко­гаш отво­ра­ат мно­гу пра­ша­ња, но од­го­во­рот се­ко­гаш е еден и ед­но­ста­вен. Во овој слу­чај, се ра­бо­ти за крик на очај­ни­кот, кој све­сен за из­вес­но­ста на по­ра­зот поч­ну­ва да ја гу­би поч­ва­та под но­зе­те и пре­ку пар­ти­ски ди­ри­ги­ра­на па­ро­ди­ја поч­ну­ва да ги ја­де сопс­тве­ни­те де­ца, или беа ми­ни­стри… И та­ка, тие не се бит­ни, бит­на е са­мо вр­ху­шка­та.

 

Sotir-Kostov-200Ко­стов: Вр­вен ди­ле­тан­ти­зам и не­ви­ден во­лун­та­ри­зам

Се на­о­ѓа­ме во пост фе­стум фа­за­та на па­тр­ди­те од Пр­жи­но. Тоа што та­му го „за­пр­жи­ја“ по­ли­тич­ки­те куј­ни на опо­зи­ци­ја­та и прет­став­ни­ци­те на ме­ѓу­на­род­ни­от фа­ктор, се­га ве­ќе ни се ну­ди на „кон­су­ми­ра­ње’’, ве­ли истра­жи­те­лот и ко­лум­нист Со­тир Ко­стов.

КОСТОВ: Ка­ша­та што ни е за­пр­же­на има да ја ср­ка­ме, без пра­во на при­го­вор, би­деј­ќи е „по­ну­да што не се од­би­ва’’, да­де­на од „ку­мо­ви­те’’ на за­пад­на­та по­ли­ти­ка и од на­ша­та дра­га опо­зи­ци­ја. Ина­ку, по­че­то­кот на тех­нич­ки­те ми­ни­стри во Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја од СДСМ, гле­да­но од по­ли­тич­ки ра­курс е бе­срам­но пар­ти­зи­ран, од пра­вен ас­пект не­за­ко­нит, а за ви­стин­ски­те струч­ња­ци и про­фе­си­о­нал­ци, тоа е вр­вен ди­ле­тан­ти­зам и не­ви­ден во­лун­та­ри­зам. Тех­нич­ки­от ми­ни­стер во МВР ме­сто со ви­стин­ски пра­вен акт, пр­во со од­лу­ка ге­не­рал­но да кон­ста­ти­ра пре­ста­ну­ва­ње на да­де­ни­те ов­ла­сту­ва­ња во МВР, а по­тоа со ре­ше­ние на се­кој по­е­ди­нец да му со­оп­шти де­ка му се од­зе­ме­ни ов­ла­сту­ва­ња­та, тој во сти­лот на но­ќен ис­по­ра­ча­тел на „Фе­декс’’, пра­веј­ќи го тоа мно­гу бр­зо, во сти­лот на „ДХЛ’’, на­пра­ви пра­вен га­ли­ма­ти­јас, што мо­же­ше да пре­диз­ви­ка криз­на со­стој­ба со на­ру­ше­на без­бед­ност во др­жа­ва­та (те­ле­гра­ма­та сим­бо­ли­зи­ра во­нред­на со­стој­ба и ит­ност, а прав­ни­те акти вла­де­е­ње на пра­во­то и прав­на си­гур­ност). Тој го на­ру­ши се­то ова, па по­тоа мо­ра­ше со „оп, оп не ва­жи’’ да ја спа­су­ва со­стој­ба­та. Гос­по­ѓа­та Ре­мен­ски не­при­јат­но ме из­не­на­ди би­деј­ќи со сво­јот по­тег, всуш­ност, Ми­ни­стерс­тво­то за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка го пре­да­де на сво­ја­та пар­ти­ја СДСМ, а тоа е гру­ба и не­доз­во­ле­на пар­ти­за­ци­ја. На­стра­на што со обе­мот и са­ма­та со­др­жи­на на ов­ла­сту­ва­ња­та што ги да­ла на не­вра­бо­те­но ли­це во Ми­ни­стерс­тво­то, таа со еден по­тег од тоа ли­це пра­ви сред­но­ве­ко­вен ин­кви­зи­тор, Ен-Ка-Ве-Де цен­зор, агит­проп ко­ме­сар и сдсмов­ски до­ктор за из­вр­ту­ва­ње. Ед­но­став­но, двај­ца­та ми­ни­стри, се­га за­се­га, се врв­ни умет­ни­ци на ап­сур­дот.

Оче­ку­ва­ња­та на Ко­стов за нив­на­та ра­бо­та во ид­ни­на, за жал, се ни­ка­кви би­деј­ќи, спо­ред не­го­ва оце­на, мо­же­ме да оче­ку­ва­ме сѐ, ама бу­квал­но сѐ.

КОСТОВ: Се мо­лам на Гос­под да нѐ спа­си од нив, ама и нив да ги спа­си од глу­по­сти­те што на­у­ми­ле да ги пра­ват. Ме­сто да ги раз­мр­су­ва­ат не­раз­мр­се­ни­те ма­ке­дон­ски јаз­ли, тие го пра­ват спро­тив­но­то – ги за­мр­су­ва­ат до ни­во на нов Гор­ди­ев ја­зол. Штет­но, бед­но и ку­тро. Ина­ку, да не се за­ла­жу­ва­ме, тие не вле­гоа во вла­да­та за да би­дат оби­чен про­то­кол. На­про­тив, ми­си­ја­та на сдсмов­ски­те „мал­бо­ро мен екс­перт’’ со не­ви­ден по­ли­тич­ко бол­ше­ви­стич­ки ма­чо­и­зам, е осво­ју­ва­ње на вла­ста, отка­ко прет­ход­но од­на­тре ќе го по­ми­нат про­тив­ни­кот (за нив не­при­ја­те­лот) – ВМРО-ДПМНЕ, со цел да го уни­штат, а не да го по­бе­дат. Мно­гу про­ѕир­но и ед­на­кво на по­ли­тич­ка пор­но­гра­фи­ја. Ова, пак, е срам­но. Ина­ку, да не се за­ла­жу­ва­ме: во ку­ќа со „ди­во ме­со’’ не мо­же да има мир. До­кол­ку би­дат от­стра­не­ти оста­то­ци­те (ре­ци­ди­ви­те) од тем­но­то ми­на­то, има ид­ни­на за на­ша­та ку­ќа Ма­ке­до­ни­ја.

 

analiza168-2

За­ев ќе би­де пре­ми­ер во март!

Ка­па­кот на при­ка­ска­та го ста­ви Ре­мен­ски со наз­на­чу­ва­ње­то на пар­ти­ски цен­зор за од­го­во­рен во ко­му­ни­ка­ци­ја­та со на­ро­дот, иа­ко упа­те­ни­те ве­лат де­ка ка­за­нот е сѐ уште да­ле­ку од ка­кво и да е ста­ва­ње ка­пак на тех­нич­ка­та при­ка­ска. На­ја­ву­ва­ат проб­лем­ска се­ри­ја, ко­ја ќе го за­гро­зи при­ма­тот на бро­јот на епи­зо­ди­те на „Ма­леч­ка­та не­ве­ста“… Се­пак, цел­та на овие т.н. ми­ни­стри и на нив­ни­те ма­ри­о­нет­ски по­зи­ции прв ја раз­јас­ни не­при­кос­но­ве­ни­от ли­дер. Сѐ уште не­сед­на­ти во фо­тел­ји­те, За­ев ги „отво­ри“ и ја по­ка­жа нив­на­та по­трош­ли­вост и на­ме­на. Ве­ру­ва­ле или не, но вед­наш по да­ва­ње­то на зак­ле­тва­та, во мо­мен­тот ко­га це­ла­та на­ци­ја оче­ку­ва­ше да го слуш­не ста­вот и по­ра­ка­та на но­ви­те, ма­кар и тех­нич­ки ми­ни­стри, тие оста­наа ин­вен­тар, а из­ја­ва­та ја да­де ли­де­рот?! На­вик­на­ти на ин­вен­тар­ска­та уло­га во зад­ни­на од вре­ме­то ко­га тој ги пу­ка­ше пе­тар­до­ид­ни­те „бом­би“ и се­га тие пре­мол­чеа, а тој си ка­жа сѐ што му ле­жи на ср­це. И на ду­ша. За­ев си се прог­ла­си за пре­ми­ер во април, а не доз­во­ли не­го­ви­те нај­из­ви­ка­ни „пу­шки“ да изу­стат ни збор. Бу­квал­но и фи­гу­ра­тив­но, не­мо стар­ту­ваа со пре­се­дан. Единс­твен проб­лем е што нив­ни­от ли­дер не­ма да ста­не пре­ми­ер во април 2016 го­ди­на, ту­ку во март. По­точ­но на 12 март. То­гаш се од­ви­ва Стру­мич­ки­от кар­не­вал, кој тра­ди­ци­о­нал­но е на Три­ме­ри. За­ев, кој бе­ше Дра­ку­ла, Са­му­рај, Оган, Сул­тан се­га ќе има шан­са да би­де и пре­ми­ер…

 

Aleksandar-Dastevski-200Да­штев­ски: Се­ри­оз­на зло­у­по­тре­ба на служ­бе­на­та долж­ност

По­че­то­кот на ми­ни­стри­те на СДСМ го оце­ну­вам исто ка­ко пре­го­во­ри­те во клу­бот на пра­те­ни­ци, ве­ли доц. д-р Але­ксан­дар Да­штев­ски, спо­ред кој и то­гаш тие пра­веа на­по­ри , а се­га до­ка­жу­ва­ат и на де­ло де­ка са­ка­ат да до­би­јат не­што по­ве­ќе од тоа што е до­го­во­ре­но во Пр­жи­но.

ДАШТЕВСКИ: Сме­там де­ка ре­тко кој мо­же­ше да оче­ку­ва ва­кви пред­ло­зи за ми­ни­стри со ог­лед на тоа де­ка са­ми­от ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти по­ве­ќе па­ти из­ја­ви де­ка на тие функ­ции тре­ба да се по­ста­ват врв­ни про­фе­си­о­нал­ци. Не­го­ви­те по­стап­ки се не­ве­ро­јат­ни, да­ле­ку од си­те оче­ку­ва­ња и сме­там де­ка не би ги на­пра­вил ни по­чет­ник во служ­ба­та, а осо­бе­но не дип­ло­ми­ран прав­ник.

Без да ги ко­мен­ти­рам од­лу­ки­те, ќе на­ве­дам де­ка ми­ни­сте­рот и са­ми­от учес­тву­ва­ше во пре­го­во­ри­те и би тре­ба­ло до­бро да знае што е до­го­во­ре­но та­му. Се­га тие до­го­во­ри се пре­не­се­ни во За­ко­нот за из­ме­ну­ва­ње и за до­пол­ну­ва­ње на За­ко­нот за вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Во чле­нот 44 јас­но стои де­ка ми­ни­сте­рот за­ед­но и рам­но­прав­но со до­пол­ни­тел­ни­от за­ме­ник учес­тву­ва во спро­ве­ду­ва­ње­то на над­леж­но­сти­те што про­из­ле­гу­ва­ат од за­кон и од под­за­кон­ски­те акти. Исто та­ка, си­те акти од нив­на над­леж­ност тре­ба да би­дат пот­пи­ша­ни и од ра­ко­вод­ни­от служ­бе­ник и од до­пол­ни­тел­ни­от за­ме­ник. До­кол­ку актот е пот­пи­шан са­мо од ед­но ли­це не про­из­ве­ду­ва прав­но дејс­тво. Ова ука­жу­ва на тоа де­ка ми­ни­сте­рот за вна­треш­ни ра­бо­ти не се по­тру­дил до­бро да ги про­у­чи не­кол­ку­те одред­би од за­ко­нот. Тоа што тре­ба­ше да би­де не­го­ва­та функ­ци­ја и по­ра­ди што поч­наа пре­го­во­ри­те ме­ѓу пар­ти­и­те е ус­пеш­но спро­ве­ду­ва­ње на из­бо­ри­те. Тоа се од­не­су­ва на си­те ми­ни­стри и за­ме­ни­ци во оваа вла­да.

Од дру­га стра­на, спо­ред тоа што го про­чи­тав­ме за ми­ни­стер­ка­та Ре­мен­ски, таа пра­ти­ла из­ве­сту­ва­ње до служ­би­те од ка­би­не­тот со кое да­ва над­леж­ност на из­вес­на пре­тсе­да­тел­ка на ко­ми­си­ја за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка на СДСМ Ми­ла Ца­ров­ска да го одо­бру­ва или цен­зу­ри­ра кој би­ло од­го­вор на гра­ѓа­ни­те. Ова прет­ста­ву­ва се­ри­оз­на зло­у­по­тре­ба на служ­бе­на­та долж­ност и це­лос­но не­про­фе­си­о­нал­но од­не­су­ва­ње. Па­тем, не­вра­бо­те­ни ли­ца не сме­ат да има­ат ни­ка­ков увид во служ­бе­ни­те ра­бо­ти на ми­ни­стерс­тво­то. Мо­же­би, ми­ни­стер­ка­та не ја раз­бра­ла се­ри­оз­но ра­бо­та­та што ѝ е до­ве­ре­на и са­ка да спро­ве­ду­ва пар­ти­ска по­ли­ти­ка, но таа за­ед­но со сво­и­те ко­ле­ги да­де зак­ле­тва де­ка ќе ра­бо­ти во сог­лас­ност со за­ко­нот. Ми­ни­стри­те тре­ба да има­ат пред­вид де­ка и по­крај тоа што ги до­би­ја овие функ­ции во сог­лас­ност со по­ли­тич­ки до­го­вор, а не во сог­лас­ност со Уста­вот и со за­ко­нот, но­сат це­лос­на од­го­вор­ност за вр­ше­ње на ра­бо­ти­те во сво­и­те ре­со­ри.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 168. број на неделникот „Република“, 20.11.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top