Општина Илинден почна со градежните активности за реализација на проектот „Изградба на пешачко-рекреативна патека Марино-Кадино“, во должина од 1.500 метри.
Вкупната инвестиција за овој проект што општина Илинден го реализира преку Програмата за рурален развој на Владата на Република Македонија, изнесува 14.5 милиони денари.
Со проектните активности покрај изградба на пешачка патека, ќе се изгради и велосипедска патека, патека за ролерки и скејтборди, ќе се постават реквизити за спортување и рекреација, урбана опрема и ќе се изврши уредување на зелени површини во должина на патеката.
Новата пешачко-рекреативна патека, покрај тоа што ќе ги поврзе населените места Илинден, Марино и Кадино кои вкупно бројат повеќе од 10.000 жители, ќе овозможи и нови можности за рекреација, комуникација, заедничкото дружење и рекреативен спорт.
Со реализацијата на овој проект ќе се подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците како и ќе се обезбеди поголема безбедност на децата од училишна возраст кои се движат од зоните на домување кон детската градинка, основното и средното училиште како и ќе се придонесе во подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во Илинден, информираат од општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.