Календарот на „Пирели“, конечно, е тука и дефинитивно ќе ве изненади. Од компанијата имаат шокантна вест за сите што очекуваат и годинашното издание на прочуениот календар да се пофали со корици, на кои полуголи се фотографираат најубавите жени.
Во 2016 година на страниците на календарот се сместени жени, познати по своите достигнувања. Како што е суперѕвездата во тенисот Серена Вилијамс, актерката Ејми Шумер, пејачката и активист Пети Смит, дури и 65-годишната авторка Фран Лебовиц.
Резултатот е неверојатен, колекција од црно-бели портрети направени од познатата фотографка Ани Лејбовиц. Таа наведува дека годинашниот календар на производителот на гуми ќе биде девијација, како единствена моделка на страниците е Наталија Водјанова, која е позната по својата филантропија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.