Познатиот американски актер Стивен Сигал во понеделникот го посетил Белград и се сретнал со белградскиот градоначалник Синиша Мали со кој разговарал за можна соработка во различни области.
Сигал во рамките на посетата на Србија посетил и дом за деца без родители, а ќе одржи и обука на Специјалните единици на полицијата на Србија.
Актерот изразил желба да отвори школо за аикидо во Србија со цел да ја промовира таа боречка вештина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.