Годинава 28 Македонци се заразиле со ХИВ. Според информациите од Инфективна клиника, сите се покриени со соодветна терапија. Овие податоци покажуваат дека во 2015 година има тренд на опаѓање на инфицираните во споредба со 2014 година кога бројот на заразени беше 45. Од 1987 година, кога е регистриран првиот заболен, досега со ХИВ / СИДА во Македонија се евидентирани 270 случаи.
Кај најголем број од заразените инфекцијата е пренесена по хетеросексуален пат. Според податоците, последните години има драстично зголемување на добивањето ХИВ по пат на МСМ односно маж со маж. Кај десетина лица е регистрирано пренесување од мајка на плод. Најмногу од инфицираните се од Скопје, па следуваат Тетово, Куманово, Прилеп, Охрид и Кичево.
Според возраста, најмногубројни се во старосната група од 20 до 39 години. Во евиденцијата има и неколкумина постари од 60 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.