| четврток, 6 декември 2018 |

Ремек-делото на Булгаков „Мајсторот и Маргарита“ првпат ќе оживее на сцената на МНТ

Ремек-делото на Михаил Булгаков првпат ќе оживее на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ). Вечерва (19 часот) на сцената на МНТ е премиерата на долгоочекуваната претстава на режисерот Иван Поповски „Мајсторот и Маргарита“. Претставата е работена по едно од најголемите светски дела во литературата.

„Мајсторот и Маргарита“ е прва претстава која Иван Поповски ја режира во Македонија од 2001 година. Претставата ја прави режисер кој ги знае местата, московските улички во кои се случуваат сцени од претставата, ја режира човек кој со години живее во Москва. Поради огромниот број ликови, кастингот за претставата бил еден од најтешките моменти.

Во романот и во драматизацијата има многу мали, споредни ликови. Еден актер игра два-три лика. Игра целата актерска екипа, ги има речиси сите ликови во романот.

Актерот Дејан Лилиќ го игра Мајсторот, а Драгана Kостадиновска ја толкува Маргарита, Никола Ристановски е Воланд, Понтиј Пилат е Јордан Симонов, Kаровјев го толкува Оливер Митковски, Азазело – Ѓорѓи Јолевски, Емил Рубен, пак, во претставата ќе го игра доктор Стравински.

Ангажирани се шеесетина актери. Првиот дел на претставата трае 2 часа и 20 минути, а вториот 1 час и 20 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top