| четврток, 6 декември 2018 |

Претепана девојка на станицата кај „Олимписки“

Ноќта сабота кон недела во 2.30 часот на автобуската станица на бул.„Кочо Рацин“ (кај „Олимписки базен“) три непознати машки лица физички ја нападнале 23-годишната А.Д. од Скопје.

Лицата излегле од автобус на ЈСП, по што еден од нив без повод и причина физички ја нападнал, ја удрил со тупаница во пределот на главата, од што ѝ се нанесени повреди во вид на оток на  левата страна на главата.

Настанот го пријавила истиот ден во полициската станица во Центар, каде што се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top