| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов до Обама: Македонија веднаш треба да стане членка на НАТО

obama ivanovПретседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на маргините на лидерската конференција за климата КОП21 што се одржува во Париз, имал средба со претседателот на САД, Барак Обама, пренесува дописникот на МИА.

Како што информираа претставници на кабинетот на Иванов, двајцата претседатели разговарале за интеграциите на Република Македонија во НАТО.

Иванов притоа истакнал дека ситуацијата со Македонија сѐ уште е стаус кво, дека нема никаква статусна промена во однос на НАТО и дека Македонија треба веднаш да стане полноправна членка на НАТО.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top