| четврток, 6 декември 2018 |

Дизелот поевтин од полноќ

benzin
Дизелот и екстралесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, а цената на бензините останува непроменета.

Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на дизелот ќе изнесува 48,50 денари за литар, а на екстралесното масло за домаќинство, 37,50 денари.

Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 19,2 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 42,8 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 57,7 денари за долар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top