Викендов го обележа концертот на Тамара. Се пишуваше за убавите впечатоци, за атмосферата, за големиот успех на идната мајка.
Пред големиот настан имаше обид да се пушти и некој лош глас дека Тамара и најдобрата другарка Катарина Ивановска се скарани и дека со Мачка не е во добри односи, но пејачката во „Вечер“ ги демантирала озборувањата.
Три дена подоцна – ладен туш.
Елена Ристеска, Каролина, Дарко Илиевски, Ај Кју, Даниел Дан, Весна Петрушевска – Бејбе, Лила, Боки 13… се само дел од познатите што уживаа на концертот на Тамара. „Најдобрата“ другарка, манекенката Катарина Ивановска, наводно, поради обврски и патување надвор од земјава не можела да се појави на музичкиот спектакл.
Но, „Инстаграм“ кажува друго. Обврската на Кики, која не пропушташе настап, а не, пак, концерт на најверната другарка, Тамара, беше концертот на Мадона во Барселона, кој се одржа пред концертот на Тамара. Кики беше на Мадона и објави видео. Исто како што на времето објавуваше видеа и фотографии од концертите на Тамара.
Вечерта, на другиот крај на светот, Кики вечераше во Ница. Малку по бисот на Тамара, Кики објави фотографија од ресторан во Ница, на која вечера со нивната заедничка другарка Бела.
Ако треба и ќе потсетиме дека Кики не објави ниту една најава за концертот на Тамара, нешто што не пропушташе да го стори тогаш – кога беа другарки.
Изгледа чаршијата многу зборува, но не кажува глупости.
Во оптек се неколку „теории на заговор“ за крајот на големата другарска љубов.
Едната вели дека Кики и Тамара се скарале за пари. Се чини големи пари се во прашање, зашто за ситно не се остава другарка.
Другата теорија, пак, има две чаршиски верзии. За двете е заедничко дека близината им ги разгорела страстите на поранешните љубовници, па ја обновиле романсата. Според едната, Тамара ги фатила на дело Мачка и Кики, а според другата фатила сочна преписка. Двете завршуваат исто – Тамара и Мачка се разведуваат!
Повеќе во „Вечер“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.