| четврток, 6 декември 2018 |

Го продаваат телото за едно гиро – сѐ повеќе малолетни проститутки во Грција

Бројот на сексуални работнички во Грција драстично се зголеми во кризата. На полнолетните проститутки им се приклучија и малолетни девојки, кои своето тело го прдаваат и за два евра или оброк.

Некогашните 50 евра потребни да „изнајмите“ девојка на некој час, сега се спуштија и до цената на едно гиро, пишува британски „Мирор“.

– Некои тоа го прават за пита гиро, сендвич или друг оброк, бидејќи се гладни – тврди психологот Грегори Лазос од атинскиот универзитет, додавајќи дека на улиците има се повеќе тинејџерки. “

Според него вкупниот број на жени кои се проституираат е потресен. Официјално има околу 18.500 сексуални работници во Грција, 80 отсто од нив жени.

Само 10 од 525 бордели во Грција имаат легална лиценца за работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top