| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Се натпреваруваме со програми и со идеи, затоа сакаме луѓето да излезат со свои идеи

antonio mПрограмите за избори ги пишуваме заедно со граѓаните, не во канцеларија како другите. Од 2006 година да се има политичка програма стана нов политички стандард во Македонија, да се изготви проект, да се изработи програма врз барањата на граѓаните, да направиме заедничка програма и сега како и претходните години, посочи на трибината во Струга членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

– Се забележува работата на потегот Кичево- Охрид со многубројна механизација и за првпат градење проекти што никогаш не биле споменати. Градењето на автопатот и отворањето две странски инвестиции во охридско-струшки регион, „ОДВ електрик“ и „Костал“. Одредени политички партии не се задоволни, не затоа што не се свесни за постигнувањата, туку затоа што тие не знаеле да го направат тоа! На минатите избори победивме со 200.000 гласови разлика, непризнавањето на овие избори значи непризнавање на волјата на народот- вели Милошоски.


Тој истакна дека резултатите од анкетата спроведена од ИРИ јасно покажуваат дека на народот не му требаат шпионажи, озборувања и омаловажувања. Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, вели Милошоски, е двојно поголем од рејтингот на СДСМ, додека, пак, граѓаните имаат трипати повеќе доверба во премиерот Никола Груевски отколку во Зоран Заев

– Со прибирање идеи од граѓаните се прави добра политика. Во градењето на нашата програма нема да дадеме никаков изговор за некој да ги оспорува резултатите од овие избори. СДСМ споменува афера за 30.000 фалсификувани лични карти, СДСМ да докаже кој го направил ова и да го изведе пред лицето на правдата, а не да манипулира со народот- додаде Милошоски.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги наведе големиот број проекти што се спроведени во инфраструктурата, образованието, здравството, туризмот, додавајќи дека сакаат да се натпреваруваат со другите политички партии со идеи.

-Ние сакаме да се натпреваруваме со програми и со идеи, затоа сакаме луѓето да излезат со свои идеи. Сите тие идеи сериозно ќе се разгледуваат и ќе се преточат во изборна програма за изборите во 2016 година, без разлика дали идеите доаѓаат од партиски или непартиски членови, Македонци или Албанци, богати или сиромашни, за секој човек да биде подобро – заклучи Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top