| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас до Давутоглу „Добро е што нашите пилоти не се толку нервозни“

­ tsipras-davutogluДобро е што нашите пилоти не се толку нервозни, колку вашите во однос на Русите, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас пред турскиот премиер Ахмет Давутоглу за време на самитот ЕУ- Турција.

Ципрас ова го посочи обраќајќи се кон турскиот премиер по прашањето за бегалскиот прилив и нарушувањето на грчкиот воздушен простор од страна на турски авиони. ­

Апсурдно е тоа што се случува во Егејско Море. Трошам милијарди за вооружување, за вие да вршите нарушувања, а ние да ги пресретнуваме авионите, додаде тој. ­

Имаме најмодерно воздушно оружје, а на копно не можеме да ги откриеме трговците со луѓе, поради кои невини човечки животи згаснуваат во Егејско Море, рече грчкиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top