Амбасадата на Шведска вечерва, понеделник, 30 ноември 2015 година, со почеток во 19 часот, во „Јавна соба – Центар за дизајн и за иновација“организира панел-дискусија на тема: „Како културата ги обликува општествата (во Европа)“.
Панел-дискусијата ќе ја модерира новинарката Ана Јовковска, а учесници ќе бидат шведскиот филмски и културен критичар, кој пишува за најголемиот дневен весник во Шведска – „Свенска Дагбладет“ и воедно режисер, Хинек Палас, заедно со Искра Гешоска и Вангел Ноневски.
Заедно со публиката учесниците ќе разговараат за тоа како културата (може да) влијае врз општествениот живот, колку таа може да влијае како подгревач или исцелувач на национализмот, дали културата може и треба да биде политички (не)коректна култура, како и каде се движи културата на Европа, во светлината на емиграциските текови од последните години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.