„Човекот кој не сакаше да умре”, краткиот анимиран филм во режија на Гоце Цветановски ќе биде прикажан на 13-от Фестивал за анимирани филмови „Анилог” во Будимпешта.
Проекцијата е во киносалата „Уранија“, најголема во унгарската престолнина.
Главните улоги ги толкуваат Висар Вишка, Никола Ацески, Милан Тоциновски и Драгана Левенска, а музиката е компонирана од Били Гулд, басист на рок-метал групата „Феит но Мор“ (Faith No More).
Филмот на Цветановски светската премиера ја имаше во Италија, а гостуваше и во Бразил, Србија, Полска и Македонија. Добитник е на наградата за најдобра анимација на фестивалот за хорор и фантастика „Хризантема“ во Србија. Во декември филмот ќе биде прикажан и на фестивалот „Аниматека“ во Љубљана.
„Човекот кој не сакаше да умре” е во продукција на Фх3х студио, а поддржан е од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


