Министерството за здравство информира дека во среда (2 декември), кога ќе се спроведува акцијата „Ден на дрвото“, редовно ќе работат сите јавни здравствени установи во државата и ќе се реализираат сите закажани прегледи и интервенции за што и ги известило здравствените установи.
Сите закажани прегледи во специјалистичкоконсултативни амбуланти, кабинети за снимања и други дијагностички процедури, како и закажаните хируршки интервенции нема да бидат одложени, и за таа цел на установите им е наложено да ги преземат сите организациски мерки овие прегледи и интервенции да бидат непречено изведени, соопшти Министерството за здравство.
Според податоците од Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој термин“, утврдено е дека на тој ден се веќе закажани преку 8.000 пациенти во редовен термин за преглед и преку 500 хируршки интервенции.
Во интерес на пациентите е прегледите и интервенциите да бидат извршени во денот кога се закажани, со цел навремено добивање на потребната здравствена услуга.
Инаку, останатите служби во установите кои не се поврзани со закажани термини, ќе се приклучат на акцијата Ден на дрвото и овој ден дополнително ќе го одработат, согласно со насоките од Министерството за труд и социјална политика, наведува Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!
-
Лекарите се налутија: Не го прифаќаат зголемувањето од 5 отсто