– Телото на рускиот пилот, кој загина во вторникот кога турското Воено воздухопловство го собори неговиот авион, доцна синоќа од Сирија е префрлено во Турција- изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу. На пресконференцијата што ја одржа во Анкара, пред да замине на Самитот ЕУТурција во Брисел, Давутоглу нагласи дека по барање на Москва телото на загинатиот пилот ќе и биде предадено на Русија.
-Со телото се постапува во согласност со православните обичаи- нагласи Давутоглу.
Турскиот премиер истакна дека е непоходна комуникација меѓу страните вклучени во операциите во Сирија, со цел да се избегнат нови инцидент, како овој со уривањето на рускиот авион.- Во Сирија дејствуваат различни коалици со разлини цели, па затоа е потребна интензивна размена на информации и координација за да не се случат нови инциденти- додаде Давутоглу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.