| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за бесплатниот превоз за пречек на Јохан

Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски, по повод неговото враќање во земјава, организира свечена програма за пречек, а „прес 24“ ги објави деталите за бесплатниот превоз.

johan glavna

Од Здружението обезбедиле 50 автобуси кои бесплатно ќе ги транспортираат граѓаните од Скопје до аеродромот „Александар Велики“, а потоа и назад до плоштадот „Македонија“. Автобусите ќе тргнат во 13 часот од паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Обезбедени се и 200 автобуси кои ќе им овозможат на сите граѓани од градовите од внатрешноста на на Македонија бесплатно да пристигнат до Скопје и назад.

Тие ги покануваат граѓаните, во 15.45 часот да дојдат пред Владата на Република Македонија, каде што Тарчуловски ќе има прием кај премиерот Никола Груевски.

johan pristignuvanje

johan pristignuvanje1

jogan pristignuvanje2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top