Руската политичарка Оксана Бобровскаја и нејзиниот сопруг Никита Бобровски загинале во експлозија на автомобил.
Нивните голи тела се пронајдени на задното седиште, а се претпоставува дека имале сексуален однос во моментот на експлозијата.
Оксана била истакнат руски политичар, член на партијата Обединета Русија на Путин.
Органите на редот се сомневаат дека експлозивната направа ја поставил Никита, поранешен воен специјалец.
„Сибирски тајмс” пишува дека двајцата имале проблеми во бракот, а според неофицијални информации, тој бил обвинет за неверство.
Од друга страна пак постојат сомневања дека бомбата била поставена во автомобилот само со цел да се ликвидира младата политичарка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






