| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица полицајци задржани на медицинска опсервација

­ Четворица припадници на безбедносните сили се задржани за медицинска опсервација, откако денеска беа нападнати со камења од мигрантите кои се наоѓаат на грчка страна на македонско­грчката граница. ­ Двајца се со удари во пределот на главата преку шлем, еден во пределот на натколеницата и еден во пределот на абдоменот, информираат од Министерството за здравство.

полиција

 

Во Општата болница во Гевгелија прегледани се неколкумина припадници на безбедносните сили. Сите со полесни повреди и вонживотна опасност.

Со цел подготвеност и навремено реагирање на здравствениот систем, поставено е уште едно возило на итна медицинска помош во пунктот во Гевгелија, а дополнителни екипи од Здравствениот дом Кавадарци, Велес, Скопје и другите здравствени домови на ротациска основа ќе бидат дежурни во Центарот за итна помш во Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top