Четворица припадници на безбедносните сили се задржани за медицинска опсервација, откако денеска беа нападнати со камења од мигрантите кои се наоѓаат на грчка страна на македонскогрчката граница. Двајца се со удари во пределот на главата преку шлем, еден во пределот на натколеницата и еден во пределот на абдоменот, информираат од Министерството за здравство.
Во Општата болница во Гевгелија прегледани се неколкумина припадници на безбедносните сили. Сите со полесни повреди и вонживотна опасност.
Со цел подготвеност и навремено реагирање на здравствениот систем, поставено е уште едно возило на итна медицинска помош во пунктот во Гевгелија, а дополнителни екипи од Здравствениот дом Кавадарци, Велес, Скопје и другите здравствени домови на ротациска основа ќе бидат дежурни во Центарот за итна помш во Гевгелија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пијани полицајци ѝ дозволиле на својата малолетна другарка да вози „марица“ (видео)
-
Нова сообраќајка на местото каде загинаа двајцата косовски полицајци
-
Охрид СОС обвинува: Некадарни полицајци депортирале научник со меѓународно реноме, бремена во петиот месец
-
Дваесет и двегодишен велешанец им се заканувал на доктори и нападнал полицајци