Новиот третман за подмладување на вашите интимни делови наречен Дракула е хит во Велика Британија, бидејќи ја зацврстува и ја подмладува вагината на природен начин. Третманот се врши со вадење на крвната плазма, која потоа се загрева до 41 или 42 Целзиусови степени. Потоа се вбризгува во вагиналното ткиво со цел да се предизвика воспаление кое ќе поттикне регенерација и побрзо создавање на колаген.
Целта е да се активираат матичните клетки во вагината, што доведува до зголемување на сексуалниот нагон и на либидото, и овозможува почести оргазми, а исто така може да им помогне на жените кои имаат болка за време на сексот.
Овој третман ја прави кожата околу вагината помлада и помазна, а најпрво бил користен за обнова на кожата на лицето, но се покажал како ефективен и во останатите области.
Тромбоцитите содржат страници задолжени за раст кои го поттикнуваат создавањето и регенерацијата на ткивата. Истражувањата покажаа дека оваа терапија е корисна во лекување на рани, во уролошки проблеми, обнова на коските и на крај, и за дерматолошки козметички третмани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.