
Според „El Mundo Deportivo“ , Гвардиола го потпишал договорот со Манчестер Сити овој четврток. Деталите не с епознати, но наводно тој ќе остане со Баерн Минхен до крајот на сезоната.
Се шпекулираше дека Баварците на Гвардиола му нуделе 18 милиони евра нето годишно, што е највисока тренерска плата во светот на фудбалот. Но можеби понудата на англискиот клуб била уште подобра.
Баерн е во потрага по нов тренер а германските медиуми веќе шпекулираат со името на Карло Анчелоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


