На листата на новогодишните желби на Христијан Хики, покрај вокитоки и видео игрите, се наоѓа и желбата Дедо Мраз да и помогне на полицијата да ги уапси луѓето кои го повредиле.
Кристијан и неговата мајка биле нападнати од две лица кои пукале врз нив, на влезот на семејната куќа.
Детективот Рас Џексон кој е задолжен за овој случај изјави дека трогателно е тоа што детето наместо да бара од Дедо Мраз некои интересни подароци, всушност бара да се фатат злосторниците.
– Ова што им се случи на Кристијан и неговата мајка ќе ги следи до крајот на нивниот живот, единствено што можеме да направиме е да ги фатиме луѓето одговорни за нивните повреди- изјави Џексон.
-За таквите луѓе нема место во цивилизираното општество и со сите напори се обидуваме да ги најдеме и да ги соочиме со лицето на правдата – додаде Џексон.
После нападот кој се случи на 12 октомври, Кристијан и неговата мајка биле префрлени во болница, а после неколку операции конечно се пуштени на домашно лекување. Но, на малиот Кристијан и понатаму му се потребни патерици за да може да се движи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.