Српскиот моден креатор Саша Видиќ го сметаат за човек со специфичен хумор и без влакна на јазикот. Видиќ е безмилосен критичар на познатите личности и е еден од најблиските пријатели на пејачката Светалана Цеца Ражњатовиќ.
Најнова на листата на „жртви“ на Видиќ е новопечената госпоѓа Којиќ за која Видиќ јавно сподели статус на Фејсбук во која ја исмеа и Сверина и нејзината свадба. Имено во статусот Видиќ и посветува на Северина песна од Стоја „Бела циганка“ алудирајќи притоа дека пејачката станала ромска снаа мажејќи се за синот на Драган Којиќ Кеба за кој медиумите со години пишуваат дека има ромско потекло иако тој упорно негира.
-Видовитата Стоја уште пред година дена ја опеа судбината на Севе…Бела циганка – напишал Видиќ.
Како што прогнозираат фановите на социјалните мрежи кои застанаа во одбрана на Северина таа нема долго да му остане должна, а сосема извесно е дека на повидок е нова медиумска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.