| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанка доби кривична пријава откако ограбила вработени во фабрика

drekselmaer2

НК за КР Кавадарци поднесе кривична пријава за В.А.(46) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела тешка кражба и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Пријавената, на 13 јуни годинава, во времето од 14.00 до 22.00 часот, со употреба на метален предмет извршила тешка кражба во шкаф од гардеробата во фабрика во Кавадарци, кој го користеле две вработени, при што одзела чанта во која имало 1.600 денари, кредитни картички заедно со пиновите и мобилен телефон.

Еден ден подоцна, В.А. со

кредитните картички  од банкомати на Тутунска банка и на Комерцијална банка извадила вкупно 103.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top