НК за КР Кавадарци поднесе кривична пријава за В.А.(46) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела тешка кражба и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
Пријавената, на 13 јуни годинава, во времето од 14.00 до 22.00 часот, со употреба на метален предмет извршила тешка кражба во шкаф од гардеробата во фабрика во Кавадарци, кој го користеле две вработени, при што одзела чанта во која имало 1.600 денари, кредитни картички заедно со пиновите и мобилен телефон.
Еден ден подоцна, В.А. со
кредитните картички од банкомати на Тутунска банка и на Комерцијална банка извадила вкупно 103.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)