| четврток, 6 декември 2018 |

Чавушоглу: Дипломатијата ќе ја надмине тензијата со Русија

тур

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави денеска дека Анкара сака со дипломатија да ја надмине тензијата со Москва, која настана поради соборувањето на рускиот авион. Чавушоглу, за време на посетата на Азербејџан, ја повика Русија со „разумни зборови и дела“ да помогне за намалување на тензијата, јавува турската новинска агенција „Анадолија“. ­

-Не сме за тензија. Веруваме дека со дипломатија можеме да го надминеме овој проблем. Го очекуваме истото разбирање и од нашиот пријател и сосед Русија, порача Чавушоглу. Малку порано, Кремљ соопшти дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган побарал состанок со рускиот претседател Владимир Путин во Париз на 30 ноември.

-­ Предлог на турската страна на состанокот на ниво на шефовите на државите е упатен до претседателот, тоа е се што можам да кажам- изјави потпаролот на Кремељ.

Турција во вторникот наутро собори руски воен авион на границата со Сирија, бидејќи како што тврди турската војска, го нарушил воздушниот простор на земјата иако повеќепати е предупреден. Москва, меѓутоа, истакнува дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top