| четврток, 6 декември 2018 |

Сити му нуди на Меси скоро 40 милиони фунти годишна плата!

mesi

Откако утринава беше обелоденето дека тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола потпишал преддоговор со Манчестер Сити за да го преземе тренерското место во клубот По завршувањето на оваа сезона, англиските медиуми веќе шпекулираат со новите засилувања кои треба да го искачат Сити на нависокото место во Европа. Прв кој се поврзува со трансфер е најдобриот фудбалер на денешницата, аргентинскиот виртуоз Лионел Меси.
„Граѓаните“ се тим кои не жалат пари за нови засилувања, а немаат никакви проблеми со финансиите, и затоа деновиве се очекува да испратат понуда до Барселона за Меси. Тие се подготвени да платат цело богатство за да го видат во своите редови.
Според англискиот таблоид „Сан“, премиерлигашот е подготвен на Аргентинецот да му понуди неверојатна плата од 3,2 милиони фунти месечно, или нешто помалку од 40 милиони фунти годишна заработувачка, што би го направило убедливо најплатениот фудбалер на светот. За потсетување, Меси сега во Барселона заработува нешто помалку од 20 милиони евра, што значи дека Манчестер Сити му нуди повеќе од 2,5 пати.

mesi

Сепак за да дојде да овој неверојатен трансфер, најпрвин се прашува Меси, а потоа и Барелона, која може да заработи сериозна сума пари како обештетување. Сан“ се повикува не некои шпекулации дека Меси е фрустриран во Шпанија поради судското гонење за неплатен данок, па затоа би можел да побара трансфер од шпанскиот шампион во Премиерлигата. –

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top