| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Маџиров на поетски ноќи во Хонкконг

Никола Маџиров учествува на Интернационалните поетски ноќи во Хонгконг што се одржуваат од 26 ноември до 2 декември. Темата на годинешното поетско биенале е „Поезија и конфликт“, особено актуелно по случувањата во Париз, а учествуваат дваесетина поети од Франција, Израел, Палестина, САД, Русија, Мароко, Канада, Кина, Јапонија и Кореја, а меѓу гостите е и неколкукратниот кандидат за Нобелова награда, австралискиот поет Лиз Мери.

„Чајна прес јуниверзити“ ја објави книгата на Маџиров на кинески јазик „Изреченото нѐ прогонува“, која беше презентирана преку десетина читања низ кинеските метрополи Пекинг, Ченгду, Шензен, како и во Шангај, во поетската серија чии гости биле венцоносецот Адонис, како и најзначајниот современ јапонски поет Шунтаро Таникава. По Хонгконг, Маџиров заминува на читање во кинескиот град Гуангжу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top