| четврток, 6 декември 2018 |

Операта „Адријана Лекуврер“ во МОБ

Во сабота, 28 ноември, во Македонската опера и балет, ќе биде изведена операта „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа…

Се работи за најизведуваното дело од овој автор, а во подготовката на премиерата, која се одржа на 13март 2015 година учествуваше интернационална екипа.

Режисер е Енрико Кастиљоне, од Италија. Сценограф, Александар Златовиќ, костимограф, Весна Радовиќ, од Србија. Хор мајстор, Јасмина Ѓорѓеска-Серафимовска. Кореограф е Олга Панго.

Изведувачкоит дел од екипата, го сочинуваат: Цветелина Василева (Бугарија), во насловната улога. Цветелина Василева е врвен сопран, која настапувала на повеќе светски сцени меѓу кои и на сцената на Метрополитен операта во Њу Јорк.

Диригент на претставата е Иван Еминовиќ.

Учествуваат, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top