„Скопје танцов театар“, чијшто основач и уметнички раководител е Рисима Рисимкин, во ноември се претставува на холандската танцова сцена.
Ова е значајно претставување на македонската современа танцова сцена надвор од нашата земја, посебно, поради фактот дека холандската танцова сцена е една од најдобрите прогресивни современи танцови сцени, што е потврда за квалитеот на програмите што „Скопје танцов тетатр“ ги продуцира.
„Скопеј танцов театр“ учествува во програмата „Опен стејџ“ на „Новиот танцов центар од Хаг“ и каде одигра три претстави и тоа на 21 и на 27 ноември во Хаг, а на 28 во Ротердам. Гостувањето е поддржано од Министерството за култура.
Во програмата се вклучени дела на тројца млади македонски короеграфи, кои ќе настапат заедно со селектиран избор на интернационални гости короеграфи на овој програм. Ќе бидат изведени делата на Матеја Киселичка „Создадени суштества“, на Адријана Данчевска „Жива на друго место“ и на Валентино Апостоловски „17°“ – (Седумнаесет степени).
Со овие настапи „Скопје танцов театар“ уште еднаш ја потврдува својата поврзаност со европската современа танцова сцена, како и квалитетот на програмите што ги работи. Македонските короеграфи ќе настапат на престижни сцени во друштво на извонредни умeтници и ќе имаат можност да ја презентериаат македонската современа сцена надвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.