| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ѝ се закани на Грција со исклучување од шенгенската зона

еу

ЕУ ѝ се закани на Грција со исклучување од шенгенската зона за да прими помош од Еврoпската агенција за управување на надворешните граници на Фронтекс, се посочува во информација на британскиот весник „Фајненшел тајмс“. Според весникот, високи претставници на ЕУ сметаат дека тоа е единствен начин да ја убедат Атина да побара помош од Фронтекс за заштита на своите граници. Тие стравуваат дека Грција и Италија нема да ги применат законите, кои би создале „зона за заштита“ на ЕУ од имигрантите.

– Грција е Ахилова петица на шенгенската зона и несомнено најмалку способната членка на ЕУ – се наведува во написот.

Која и да е држава би имала тешкотии да се справи со потокот на имигранти, кои пристигнуваат на островите на Грција од соседна Турција. Неспособноста на Атина, меѓутоа, да ги затвори границите или да ги регистрира имигрантите се претвора во пародија на принцип, дека првата земја за мигрантите е земјата, одговорна за судбината на секој од нив, наведува весникот. Место тоа, Атина им доволува на емигрантите да го продолжат патувањето за да се претворат во проблем на некој друг, пишува „Фајненшел тајмс“. ­ Тој недостиг од одговорност е главната причина, поради која Шенгенскиот договор почнува да се распаѓа, изјавил за весникот висок европски претставник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top