Нема застој во работата во болницата во Гевгелија во делот на анестезиолозите, бидејќи нивни колеги од КАРИЛ во Скопје дежураат во болницата.
Одлуката ја донесе Министерството за здравство, откако пред еден месец двајцата анестезиолози добија отказ од работа по смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе. Вака ќе функционираат до изнаоѓање на трајно решение.
-Веќе трета недела нема застој на работата во делот на анестезиолозите. Доаѓаат лекари од Скопје и повеќе не важи онаа укажување дека нема операции во болницата и да се препраќаат во Струмица. Нема никаков застој сега во тој дел, вели Сретко Јованов директор на болницата во Гевгелија.
Во меѓувреме, велешкото обвинителство кое го води случајот го чека извештајот од вештачењето. По нивно разгледување ќе донесе одлука кој ќе одговара за гевгелиската трагедија.
Освен отказ, пијаните анестезиолози останаа и без лицените за работа. Лекарска Комора им ги одзеде до правосилност на судска пресуда. Досега само на еден лекар доживотно му е забрането да врши здравствена дејност. Времено одземање на лиценци има дваесетина годишно. Најголем број од нив се поради технички пропусти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зрак на надеж: Дарко Лазиќ е подобар, утринава го посетила и свршеницата!
-
Битолската општина во лов на мачки
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ
-
Лекарите од КАРИЛ се бореле за животот на Никола, но, за жал, тој им подлегнал на повредите