| четврток, 6 декември 2018 |

Посебен режим за возење по „Трета македонска бригада“

­ ulici rekonstrukcijaНа дел од улицата „Трета македонска бригада“ в недела од 8 до 17 часот ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Како што информира Град Скопје, привремениот сообраќен режим се воведува поради прекопи за поставување подземни инсталации кои ќе се изведуваат на дел од улицата „Трета македонска бригада“, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“.

На коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top